Паола Блентон

Паола Блентон (САД) е по потекло Македонка од семејството Бетински. Порасната е во САД, а од 1995г живее во Бразил со нејзиниот сопруг.Таа е светски призната танчерка и кореограф, која ефектно ги комбинира современите театрални движења со фоклорните танци.
Таа е познат кореограф и има настапувано на многу фестивали ширум светот. Како член на CID-UNESCO Меѓународниот совет на изтражување на танците, Паола во 1997г подготви документарен филм за Малешевската музичка традиција, кој беше награден.